Италија
Новото засилување на Интер се упати кон Милано, Инѕаги добива уште една опција во тимот
Интер успеа да ги комплетира преговорите за уште едно засилување на кое очигледно инсистирал тренерот Симоне Инѕаги, а се работи за дефанзивецот Томас Паласиос.
Италијанскиот новинар Џанлука Ди Марцио објави фотографија од Паласиос со која потврди дека 21-годишниот дефанзивец тргнал од Буенос Аирес кон Милано, што значи дека деновиве ќе има и нова промоција кај актуелниот шампион.
Паласиос е талентиран аргентински фудбалер кој е под договор со Талјерес, а за кој Интер ќе му исплати 6,5 милиони евра на јужноамериканскиот клуб.
Првично Паласиос е планиран како опција во ротацијата на стоперите на Инѕаги и можност поискусните да одморат во одредени ситуации, со што Интер ќе добие уште еден играч од кого очекува и да добие многу посериозна улога во иднина.
Она што раководството треба да го реши како следен проблем е продажбата на Хоакин Кореја, за кого нема место во ростерот на Инѕаги.
Tomás #Palacios in partenza da Buenos Aires direzione Milano. Sarà in città domani, lunedì visite e firma con l’@Inter pic.twitter.com/JdbO94spQs
— Gianluca Di Marzio (@DiMarzio) August 24, 2024
-
Англијапред 5 часа
Пети: Играчите на Јунајтед се кријат зад Тен Хаг…
-
Лига на шампионипред 6 часа
Звезда поразена од Бенфика, „фармацевтите танцуваа“ во Ротердам (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 17 часа
Куртоа го откри најголемиот лутко во Реал: Ако погрешите три паса, ви вели да заиграте за противничкиот тим
-
Лига на шампионипред 20 часа
Вирална сцена: Реакцијата на Мбапе кога виде дека не добива топка од Ендрик (Видео)
-
Италијапред 20 часа
Барела: Докажавме дека сме на исто ниво со Сити
-
Шпанијапред 15 часа
Гути со уникатна анализа: Објасни зошто актуелниот тим на Реал е подобар од „Галактикос“
-
Англијапред 18 часа
Сака: Ми недостасуваат тројца играчи кои си заминаа од Арсенал
-
Лига на шампионипред 10 часа
Пеп објасни зошто Халанд не „мрдна“ против Интер