Поврзете се со нас

Шпанија

Новото засилување на Барселона: Викајте ме Мемфис, јас не сум Депај!

Објавено

на

Мемфис Депај вчера го режираше вториот најголем трансфер во кариерата по оној во Манчестер Јунајтед на почетокот на кариерата, но непсредно откако беше потврден како големо засилување за каталонскиот гигант, веднаш испрати порака до јавноста во Шпанија поврзана за неговото презиме.
Холандскиот напаѓач потпиша двегодишен договор со каталонскиот гигант и ќе си ја исполни желбата да соработува со сонародникот Роналд Куман, но пред да биде официјално претставен по крајот на Европското првенство, им најави и на официјалните служби во Барселона дека на неговиот дрес ќе стои неговото име, а не презимето.
– Никогаш нема да му простам на мојот татко. Викајте ме Мемфис, не ме нарекувајте Депај.
– Нема да ви објаснувам што точно се случи во нашпиот дом, не сакам да направам некои луѓе да се почувствуваат посрамотено. Јас продолжив напред, но јас сум Мемфис, – порача новото засилување на Барселона.
Таткото на Мемфис, Денис Депај го оставил него и неговата мајка додека тој имал само четири години и оформил ново семејство, па сега големата фудбалска ѕвезда одбива да го носи презимето на некој кој така лесно се откажал од својот син.
Реклама
Реклама
Реклама

Популарни