Македонија
Новото раководство на ФФМ објави во какви мизерни услови ја затекнала фудбалската Академија (Видео)

Масар Омерагиќ како нов претседател на ФФМ стави посебен акцент на фудбалските школи и нагласи дека ќе има коренити промени во младинските селекции, но како што стојат работите, новата гарнитура која раководи со македонскиот фудбал ќе има доста поголем предизвик од тоа што се чинеше.
Раководството реши да ја просветли јавноста со шокантен видео запис која е направен од Академијата на младинските категории во ФудбалскатА Федерација на Македонија, објект кој беше спонзориран и финансиран од страна на УЕФА.
Овој проект имаше за цел да донесе идеални услови за работа на најголемите таленти од нашата земја, но местото кое требало да биде пример за спортска и образовна едукација на највисоко ниво, сега изгледа навистина тажно и засрамувачки.
Водечките луѓе на ФФМ објавија видео со кое доловија дека целиот објект е затекнат во нависитна лоша и мизерна состојба, па јасно е дека ќе следи голема инвестиција и радикална промена на Академијата.
– Вистината е важна. Погледнете ја затекнатата состојба во Академијата на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Секој млад фудбалер заслужува средина која го негува неговиот талент и ја почитува нивната посветеност. Да не дозволиме лошите услови да ги задушат соништата на младите фудбалери уште пред да имаат шанса да блеснат. Наскоро… промените ќе зборуваат сами за себе, – гласи видеото на ФФМ.
-
НБА19 часа
Хиро најдобар „тројкаш“ во Сан Франциско, Вембенјама и Пол си поиграа со Ол-стар правилата и добија дисквалификација (Видео)
-
Шпанија12 часа
Белингам испрати нова порака за вчерашното исклучување и им се извини на соиграчите
-
Шпанија16 часа
Белингам „падна во замката“ за која Роналдо предупреди уште во 2018. година (Видео)
-
Италија14 часа
Фабрегас има „бисер“ во својот тим: Мајсторијата на Нико Паз го „смрзна“ Де Хеа (Видео)
-
НБА19 часа
Ол-стар лудорија: МекЛанг го направи незамисливото и испиша НБА историја (Видео)
-
АТП13 часа
Вавринка разочаран од одлуката за Синер, екс шпански тенисер застана во одбрана на Италијанецот
-
Шпанија20 часа
Анчелоти: Се случија многу чудни работи на последните три натпревари…..
-
Италија9 часа
Рома победи со мајсторски слободен удар, Сузуки ја имаше одбраната на сезоната (ВИДЕО)