Поврзете се со нас

Македонија

„Новоматик“ откри колку ќе инвестира годишно во ФК Вардар

Објавено

на

На прес конференција за медиуми денеска во Скопје беше објавен спонзорскиот договор меѓу ФК Вардар и компанијата „Новоматик“.

Скопскиот клуб кој мина низ голгота и беше спасуван преку разни проекти за негов опстанок од страна на навивачите и љубителите на спортот, има пред себе една сигурна година во која ќе биде финансиски поддржан од новиот спонзор, кој ќе делегира свој претставник во Надзорниот одбор на клубот.

– Компанијата ќе го поддржи клубот со еден милион евра годишно. Се надеваме дека ова ќе биде поттик и другите компании да инвестираат во ФК Вардар,- беше кажано на прес конференцијата.

Истовремено, беше појаснето дека не станува збор за преземање на клубот и дека овој договор е склучен на една година, со можност за негово продолжување.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни