Македонија
Новогодишно интервју на Омерагиќ: Не смееме да носиме одлуки понесени од емоции!
Масар Омерагиќ ја презема најважната фудаблска функција во нашата земја, откако на Вонредното изборно собрание доби акламација за нов претседател на ФФМ.
Поранешниот фудбалер кој воедно е и успешен бизнисмен реши да се врати на спортската сцена во улогата на прв човек на Фудбалската Федерација, а откако во првите обраќање најави дека ќе работи чесно, транспарантно и отворено во јавноста, сега одлучи да направи и едно предновогодишно интервју во кое одговараше на различни новинарски прашања.
Фудбалската Федерација достави цело видео од одработеното интервју со претседателот на Федерацијата, со тоа што посебно внимание привлекува неговиот одговор за најсилната А репрезентација и останувањето на Благоја Милевски.
– Една работа мора да биде јасна и разбрана од сите. ФФМ и репрезентацијата се институции, носењето на важни одлуки не може да биде поврзано со емоции. Не смееме да носиме одлуки со емоции, секоја таква одлука може да биде погрешна. Треба да размислуваме фудбалски и треба да носиме одлуки кои се разумни. Факт е дека оваа генерација на играчи во одреден период имаше лоши резултати, но донекаде тоа беше разбирливо. По настапот на Европското првенство, таа генерација го доживеа својот зенит, а тогаш си замина Горан Пандев. Исто така, поголем дел од фудбалерите ги променија клубовите и од стандардни првотимци станаа резерви.
– Сето тоа се одрази на резултатите на репрезентацијата, но за волја на вистината, во последно време резултатите се одлични. На два месеци пред почетокот на едни квалификации за Светско првенство да се направат неоки посериозни промени или некаков рез, според мене е нефудбалски потег. Тоа може да донесе само штета на А селекцијата. Треба да се даде шанса, селекторот ги оствари овие резултати со репрезентацијата и ние сме тука да се обединиме и да им дадеме поддршка, – порача Омерагиќ.
-
Европски првенства23 часа
Важно предупредување за македонската „Фаланга“: Не смеат да го внесуваат знамето од Кутлеш во салата во Вараждин (Фото)
-
Италија20 часа
Второто зимско засилување за Мота пристигнува од редовите на ПСЖ
-
Италија8 часа
Консеисао директен: Можам да зборувам и два часа, но ако играчите…
-
АТП19 часа
Медведев со лудачка изјава за својот ривал: Ако продолжи да игра вака, ќе има многу пари и жени во животот (Видео)
-
Шпанија22 часа
Ханси Флик опомена еден играч кој не добива шанса: Не е истиот после повредата
-
Англија18 часа
Сити прокоцка „добиен меч“, Џејмс го спаси Челси со мајсторија во 95. минута (Видео)
-
Англија21 час
Малерозниот Жезус доби најлоши можни вести од лекарскиот тим на Арсенал (Фото)
-
Шпанија23 часа
Шпанската полиција уапси фудбалер на Севилја: Намерно добивал жолти картони, му се заканува и затворска казна