Македонија
Новогодишно интервју на „Дерби“ – Виктор Давидовски: ПСС Рејсинг ќе атакува на двете титули во европското првенство
Македонскиот автомобилизам е претставуван на меѓународната сцена од повеќе возачи, при што Виктор Давидовски и „ПСС Рејсинг“ го обелија образот во европското првенство за возила со ТЦР хомологација.
Во 2021 година за прв пат се случи македонскиот тим да ангажира втор возач, Аргентинецот Франко Џиролами, со што си овозможи како тим да порасне и да биде меѓу фаворитите за освојување на титулата, како во поединечна, така и во екипна конкуренција.
ДЕРБИ: По четири години поминати во ТЦР Европа, оваа сезона ги постигнавте најдобрите резултати. Дали конечно е откриен „рецептот за успех“?
– Доаѓањето на Франко Џиролами беше идеја која се наметна откако во 2020 година поради избивањето на корона-пандемијата беа заострени правилата за патување низ Европа, па во два одвоени случаи нашиот автомобил го позајмувавме: кога не ни беше дозволен влез во Франција, таму на мое место настапи Нестор Џиролами, додека со Франко соработката се случи на патеката „Харама“ крај Мадрид, на крајот од истата сезона. Да се работи во тим со нив двајцата многу значеше за нас и почнавме да ги подобруваме резултатите од трка во трка, а со самото тоа и разбирањето на автомобилот, неговите потреби за штелување, бидејќи трките се пред се технички спорт. Оваа соработка ни овозможи да се издигнеме, но би рекол дека не очекувавме веднаш да се бориме за титулата. Задоволство е што го освоивме „Дајмонд“ трофејот, но сепак тоа е утешна награда, а сите сонуваме за онаа најголемата. Во 2022 година, тоа ќе си го поставиме за наша цел, ќе атакуваме на двете шампионски круни, поединчно и тимски, а очекувам да останеме единствен тим од Македонија што тоа ќе го прави на европско првенство.
ДЕРБИ: Има ли најавено промени во правилата за 2022 година во ТЦР Европа?
– На крајот од годината беше соопштено дека ќе започнат да доделуваат бодови во квалификациите, како во првата, така и во втората сесија. Со тоа на некој начин ќе се компензираат возачите кои во втората трка поради правилата ги ротираат своите места и стартуваат од назад. Во првата сесија првите шестмина ќе добијат поени по принципот 6-5-4-3-2-1, додека во втората сесија за најбрзите петмина ќе се доделат поени по системот 10-7-5-4-3. Уште една новост е тоа што во 2021 година се бришеа двата најслаби пласмани, а отсега сите освоени бодови ќе бидат земени предвид во борбата за титулата.
ДЕРБИ: Надвор од ТЦР Европа, автомобилизмот оваа година доби голема популарност благодарение на дуелите на Хамилтон и Ферстапен во Формула 1. Како ти го виде големото финале кое имаше контроверзна завршница?
– Лично го поддржував Хамилтон во текот на сезоната, а сметам дека и на последната трка ја докажа својата класа и не направи возачка грешка. Ќе беше заслужено да ја освоеше титулата, но му недостигаше и малку среќа. И предмалку реков дека трките се технички спорт, во случајот неговиот тим избра тој да не влегува во бокс во финишот и можеби тука ја направи единствената грешка, бидејќи сите надежи ги положија во опцијата дека трката нема да биде рестартирана. Од друга страна, честитки за Ферстапен, тој и неговиот тим имаа огромен напредок оваа година и подеднакво заслужено дојдоа до големото финале, каде што најблаго речено имаа повеќе среќа. Би сакал Хамилтон да остане во Формула 1 и да го возврати ударот следната сезона, тоа ќе покаже колку голем шампион е за овој спорт.
-
Шпанија24 часа
Гути: Нешто не функционира во овој Реал Мадрид
-
Свет10 часа
Клоп со прва изјава за својот нов фудбалски проект: Не можам да бидам повозбуден
-
Германија23 часа
Баерн подготвува „понуда која не се одбива“ за Мусиала
-
Англија23 часа
Крај на една ера: Манчестер Сити останува без архитектот на моќниот тим на премиерлигашот
-
Англија21 час
Палмер го победи Белингам во изборот за англиски фудбалер на годината
-
Европски купови11 часа
Ракометна магија во Скопје: Неверојатната акција на Вардар за која зборува цела Европа (Видео)
-
АТП12 часа
Тиафо го режираше најнекултурниот „поздрав“ со судијата во поновата историја на тенисот (Видео)
-
АТП11 часа
Алкарас режираше „слатка одмазда“ за четвртфинале во Шангај