Зимски спортови
Новогодишната турнеја отворена со победа на Гранеруд во Оберстдорф

По пауза од две години, традиционалната новогодишна турнеја „Четири скокалници“ се одржува пред полни трибини, а првата станица денеска беше комплетирана во Оберстдорф со доста проблеми.
Поради силниот ветер натпреварувањето во неколку наврати беше прекинато, но тоа не го намалува учинокот на Норвежанецот Халвор Егнер Гранеруд кој издоминира на скокалницата во Германија.
Ски-скокачот од Норвешка ги воодушеви 25-те илјади гледачи со скокови од 142,5 и 139 метри, а со собраните 312,4 бодови беше недопирлив за конкуренцијата на отворањето на 71-то издание на празничната турнеја.
Зад Гранеруд денеска се најде полскиот двоец Пјотр Жила и Давид Кубацки, додека минатогодшниот победник на „Четири скокалници“ заврши на 15-то место.
Кобајаши немаше свој ден и заврши далеку од врвот, па поправен испит ќе има на втората станица на Гармиш-Партенкирхен.
-
Англијапред 11 часа
Мудрик ужасен во вториот натпревар за Челси, публиката го поздрави со свирежи
-
Италијапред 20 часа
Алегри полуде по потегот на Ди Марија во самата завршница против Лацио (ВИДЕО)
-
НБАпред 23 часа
Тепачка во НБА лигата: Мичел и Брукс влегоа во жесток судир, па двајцата предвреме беа испратени на туширање (ВИДЕО)
-
НБАпред 22 часа
Се е подготвено за НБА спектакл: Познати се и резервите за Ол-стар мечот во Солт Лејк Сити (ФОТО)
-
Светски првенствапред 19 часа
Коло Муани се уште го сонува зицерот против Аргентина: Можев да го лобувам Мартинез, да му додадам на Мбапе…(ВИДЕО)
-
Англијапред 23 часа
Нуњез ги откри советите на Клоп и призна: Не играм добро!!!
-
Италијапред 22 часа
Алегри: Поставивме добра основа да се вратиме на вистинскиот пат
-
АТПпред 21 час
На чекор до ново финале: Ивановски го суреди и осмиот носител во Монастир