Поврзете се со нас

Англија

Ново заминување од „Олд Трафорд“: Керик потврди дека го напушта Манчестер Јунајтед

Објавено

на

Мајкл Керик, кој на последните три натпревари беше вршител на должноста тренер на Манчестер Јунајтед, ќе му се приклучи на Оле Гунар Солскјер и ќе го напушти клубот.

Тоа го потврдија и од клубот со официјално соопштение лиферувано веднаш по натпреварот со Арсенал кој ќе биде последниот на кој Керик присуствува како тренер на тимот.

– Мојот период во овој голем клуб секогаш ќе се смета како најдобар во кариерата. Кога прв пат дојдов пред 15 години, ниту во најлудите соништа не можев да замислам дека ќе освојам толку многу трофеи и сигурно никогаш нема да ги заборавам спомените и како играч, но и како дел од тренерскиот тим.

– Одлучив дека сега е време да го напуштам клубот. Сакам да се заблагодарам на сите фудбалери, а посебно на целиот стручен штаб, со кого работевме со часови во една прекрасна група, навистина беше вистинско задоволство.

– Сум и секогаш ќе бидам навивач на Манчестер Јунајтед и ќе доаѓам на што е можно повеќе натпревари. Му посакувам на Ралф и стручниот штаб, играчите и фановите се најдобро во иднина. Со нетрпение очекувам да бидам на трибините и да ги поддржувам момците како навивач, -изјави Мајкл Керик.

Керик се приклучи на тренерскиот тим на Манчестер Јунајтед кога се пензионираше во 2018 година и беше во стручните штабови на Жозе Мурињо и Оле Гунар Солскјер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни