Поврзете се со нас

Свет

Ново видео од тренингот на Португалија: Кансело не беше расположен за шегите на Роналдо

Објавено

на

Тренингот на португалската фудбалска репрезнтација предизвика големо внимание поради сцената која беше пренесена уште пред почетокот на истиот, кога се доби впечаток дека Кристијано Роналдо и Бруно Фернандеш имаа навистина ладно поздравување по контроверзните случувања во изминатите 48 часа.

Експлозивното интервју на Роналдо на заминување од Манчестер направи да се најде во фокусот, но истото донесе и доста стегната атмосфера на првиот тренинг на португалската фудбалска репрезентација.

Иако Жоао Марио откри дека средбата меѓу Роналдо и Бруно криела шега и не станувало збор за никаква тензија меѓу нив двајца, доста вирално стана и видеото од Кристијано и Кансело.

Капитенот на Португалија се обидувал да биде задолжен за размрдување на атмосферата на тренингот, но Кансело не бил расположен за шегите на Роналдо и неговата реакција е најдобар доказ за тоа.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни