Поврзете се со нас

Македонија

Ново трипл-дабл издание на ветеранот Трајковски, Охрид ја доби битката со Кожув

Објавено

на

foto: kfsm.mk

Кошаркарите на Феникс 2010 и Охрид издвојуваа победи на двата последни натпревари од 14. коло во Првата лига.

Феникс славеше во скопската пресметка со Навико Академија ФМП со 109:76. Ова за избраниците на Дервишевиќ беше прво славје во 2024 година и истото беше одбележано од ветеранот Бојан Трајковски кој забележа трипл-дабл.

Ова за Трајковски е второ вакво издание во актуелнава сезона (првото беше против Работнички), партија во која уфрли 19 поени со 10 скока и 11 асистенции. Најефикасен беше Рис со 24 поени на кои придодаде 18 скокови.

Охрид пак се избори за славје над Кожув од 74:72. Андерсон, Димовски и резервистот Димовски беа двоцифрени со 16 и 13 кошеви, додек на другата страна залуден беше учинокот на Караџовски од 21 поен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни