Поврзете се со нас

НБА

Ново трипл-дабл издание на Јокиќ, Дончиќ со 47 поени го реши тимот кој е во најдобра форма во лигата (ВИДЕО)

Објавено

на

Foto:twitter.com/nuggets

Актуелниот шампион, Денвер Нагетс им се врати на победите во НБА лигата и тоа во дуелот со Кливленд Кавалирс кој го реализираше во своја полза со резултат 130:101.

Нагетс загубија од Феникс Санс и Минесота Тимбервулс во претходните два натпревари на домашен терен што навистина ретко им се случува, па водени од ова беа решени да се вратат на посакуваниот пат и со сигурно, доминатно издание го решија клубот од Охајо.

Во прв план беше Јокиќ со трипл-дабл издание од 26 поени, 18 скока и 16 асистенции, одличен беше и Колдвел-Поуп со 22 кошеви, а двоцифрени беа и Портер Џуниор, Џексон и Браун. Мобли пак со 23 кошеви се истакна кај поразените.

Лука Дончиќ пак збесна против тимот кој е во најдобра форма во лигата во изминатиов период-тоа е Хјустон Рокетс. „Ракетите“ влегоа во тексашкото дерби со 11 победи во низа, но Лука одлучи дека е време да се стави крај на таа серија и тоа со фантастичен учинок од 47 поени.

Словенецот беше незадржлив, собра уште 12 скока, забелеа 7 асистенции и украде 2 топки. Ирвинг придодаде 24 поени и сега Маверикс има ефект 45-29 со што е израмнет со Њу Орлеанс на Западот.

Лос Анџелес Лејкерс пак воден од Џејмс кој испупа девет тројки од десет победи и испорача 40 поени славеше над Бруклин Нетс со 116:104

Резултати:
Денвер-Кливленд 130-101
Бруклин – ЛА Лејкерс 104:116
Шарлот – ЛА Клиперс 118:130
Торонто – Филаделфија 120:135
Вашингтон – Мајами 107:119
Хјустон – Далас 107:125
Минесота – Чикаго 101:109
Њујорк – Оклахома 112:113
Сан Антонио – Голден Стејт 113:117
Сакраменто – Јута 127:106

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни