Ново славје: Талески и Левен го задржаа максималниот учинок пред своите гледачи

filip

Македонскиот бек Филип Талески со Рајн-Некар Левен го забележаа 12 сезонски успех во Бундеслигата и тоа на домашен терен против Штутгарт.

Клубот од Манхајм победи со 10 голови разлика, во меч во кој го надигра ривалот во двете полувремиња (16-8, 17-15) за конечни 33-23. Во седмото славје пред своите симпатизери прв стрелец беше Толбринг со 8 погодоци, Радивојевиќ даде 6, а пак Талески имаше учинок од еден гол од вкупно два обиди.

РНЛ со вкупно 24 поени е трет на табелата.

Facebook Коментари