Ново славје на Војдан и Бујукчекмече за прво место во својата група во ФИБА Еврокупот

Stojanovski-Mons

Војдан Стојановски со Бујукчекмече го преслушаа составот на Сигал Приштина на негов терен и го потврдија првото место во групата Г во ФИБА Еврокупот.

Турскиот  претставник славеше во Приштина со 84-66 и оваа фаза од натпреварувањето ја заврши со пет победи и еден пораз од Монс на домашен терен. Војдан беше на теренот 19 минути, период за кој реализираше 6 поени, 1 асистенција, 3 украдени топки, но заработи и 5 лични грешки.  Неговиот соиграч Рајт со 17 кошеви беше најпрецизен, додека на другата страна Лорен уфрли 18 поени.

Facebook Коментари