Поврзете се со нас

Англија

Ново шокантно видео: Судијата Кут вовлекувал бела прашкаста материја за време на ЕП!

Објавено

на

Англиската асоцијација го суспендираше Дејвид Кут откако протече видео во кое познатиот арбитар изнесува погрдни зборови за Ливерпул и Јирген Клоп, но целиот овој скандал добива уште поголем размер после новото видео кое се појави во јавноста.

Познатиот таблоид „Сан“ дојде до материјал кој тврди дека е од последното Европско првенство кое се играше во Германија, односно од 6-ти јули кога на програмата беше четвртфиналето меѓу Франција и Португалија.

Дејвид Кут беше поддршка за ВАР судиите на споменатиот меч на континенталниот собир, но после целата збрка која настана по видеото кое излезе за Ливерпул и Клоп, англискиот судија сега добива лош публицитет и поради наводно користење на кокаин.

Според „Сан“, на прикажаното видео кое е снимено на 6-ти јули се гледа како Кут вовлекува бела прашкаста материја, па ова ќе му донесе само дополнителни проблеми пред целосната истрага која следи.

ФА веќе најави дека Кут е суспендиран и повеќе информации ќе се знаат по крајот на истрагата, во која сега може да биде вклучено и последното видео кое кружи на социјалните мрежи.

Според досега виденото, елитниот англиски судија тешко дека ќе може да се извлече од овие два скандали, кои по се изгледа ќе означат и крај на неговата ветувачка кариера.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни