Поврзете се со нас

АТП

Ново признание за Србинот: Ѓоковиќ по петти пат е најдобар спортист на светот

Објавено

на

Српскиот тениски ас, Новак Ѓоковиќ доби уште едно големо признание во кариерата, наградата „Лауреус“ за најдобар спортист на светот за 2023 година.

Ѓоковиќ имаше фантастична година, триумфираше на три од четирите грен слем турнири (Австралија Опен, Ролан Гарос и Ју-Ес Опен), славеше на три Мастерси и на завршниот турнир, резултати кои овозможија по петти пат во кариерата да биде прогласен за број еден во светот на спортот.

Тој претходно славеше во 2012, 2015, 2016. и 2019. година, односно со најновиот успех се изедначи со Рожер Федерер.

Конкуренција на Ѓоковиќ му беа фудбалерите Ерлинг Халанд и Лионел Меси, атлетичарите Арманд Дуплантис и Ноа Лајлс и возачот во Формула 1, Макс Ферстапен.

Кога се во прашање пак дамите, фудбалерката на Барселона, Аитана Бонмати беше прогласена за најдобра спортистка за минатата година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни