Поврзете се со нас

Свет

Ново признание: Дориев играч на месецот во Узбекистан (ФОТО)

Објавено

на

foto:facebook.com/fcsogdianajizzak

Македонскиот интернационалец, Љупче Дориев има навистина квалитетни настапи во дресот на Согдиана, партии за кои добива признанија.

Офанзивецот е прогласен за играч на месецот во Узбекистан и тоа откако даде седум голови на пет мечеви. Тој го матираше Бунјодкор со хет-трик, два погодоци даде во соочувањето со ОКМК, а по еден во пресметките со Навбахор и Андиџан.

Севкупно гледано Дориев со 9 голови е прв стрелец во шампионатот во кој неговиот тим го зазема третото место на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни