Ново престижно признание за Volvo: XC60 е избран за Светски автомобил на годината

Првиот квартал на 2018 година ќе биде запишан во историјата на Volvo како период во кој шведскиот бренд успеал да освои признанија со кои долго ќе може да се гордее.

Откако Volvo XC40 беше прогласен за Европски автомобил на годината, денеска поголемиот SUV модел со ознака XC60 го доби престижното признание за Светски автомобил на 2018 година. И двете награди се први во историјата за Volvo, а истовремено се и вистинска потврда за напредокот и квалитетот кој го прави достапен во своите модели.

Volvo XC60 успеа да победи во финалето на изборот, во кое учествуваа и Range Rover Velar и Mazda CX-5, од вкупно 34 модели кои првично беа вклучени во конкуренција, но отпаднаа во следните две фази. Одлуката за носителот на признанието ја донесоа гласовите на 82 членови на жирито од 24 земји.

Доделени беа уште неколку признанија, па Audi A8 е најдобар луксузен автомобил, BMW M5 го доби признанието за најдобар спортски модел, Range Rover Velar за најдобар дизајн, VW Polo за најдобар урбан автомобил, додека Nissan Leaf е најдобар еколошки модел.

Facebook Коментари