Ново квалитетно засилување: Барселона се договори и со Блажиќ

jaka blazic

Шпанскиот прволигаш Барселона доведе уште едно квалитетно засилување за наредната сезона и тоа во името на Јака Блажиќ.

Репрезентативецот на Словенија договори едногодишна соработка со каталонците и стана шесто засилување за тимот предводен од Пешиќ по Крис Синглтон, Кајл Курич, Роландс Шмитс, Кевин Пенгос и Артем Пустовој. Блажиќ е искусен играч кој претходната кампања ја мина во составот на Андора каде реализираше по 12,4 поени и 4 скокови во Еурокупот и 13,6 поени и 4,2 скокови во Ендеса лигата.

Во Евролигата веќе има одиграно 116 мечеви, па се очекува да биде одлично освежување за Барселона која во последните години е далеку од посакуваното ниво.

Facebook Коментари