Поврзете се со нас

Балкан

Ново искуство за офанзивецот: Ибраими договори ангажман во Албанија!

Објавено

на

Поранешниот македонски репрезентативец, Агим Ибраими го реши клупското прашање и во наредниот период ќе биде дел од албанскиот прволигаш Кукс.

Ибраими подолго време беше во потрага по нов ангажман откако се раздели со Шкендија за да на крајот изборот падне врз тимот на Кукс. Тој со овој тим потпиша двегодишен договор, тим во кој директор е Ндерим Неџипи.

Ова за Агим ќе биде прво искуство во Албанија, претходно освен во Македонија настапуваше во Австрија, Словенија, Турција, Италија и Казахстан каде го носеше дресот на Астана.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни