Ново име кај „црвено-црните“: Вардар ќе се засили со руски „џин“ од Магдебург

Gleb Kalarash

Екипата на Вардар се уште се обидува да го комплетира составот на наредната сезона, а едно од имињата кое по се изгледа ќе слета во Скопје е рускиот интернационалец Глеб Калараш.

Според информациите Калараш кој е висок 205 сантиметри веќе се договорил со „црвено-црните“, но официјална потврда од клубот се уште нема. Имено рускиот џин одлучил да стави крај на соработката со бундеслигашот Магдебург и да го прифати повикот од Скопје од таборот на македонскиот шампион.

Тој ќе биде уште една опција за тренерот Роберто Гарсија Парондо, играч кој игра на позицијата кружен напаѓач, но и воедно ќе биде добро освежување и за одбраната за која шпанскиот стратег веќе посочи дека е најранливиот дел од екипата.

Facebook Коментари