Европски првенства
Ново големо изненадување на ЕП: Начевски и Николов ја делеа правдата во ракометниот распад на Франција

Пласманот на Франција во полуфиналето на Европското првенство од денеска и не е така сигурен, откако „триколорите“ добија ракометна лекција од селекцијата на Исланд.
„Рибарите“ приредија огромно изненадување на континенталниот турнир и во ситуација кога немаа осум важни ракометари поради коронавирусот, што прави оваа победа над Франција да биде уште послатка и со поголема тежина.
Исланѓаните презентираа страшна игра во двата правци и неизвесно беше само до 4:4 во првото полувреме, по што почна неверојатната серија на аутсајдерите на хартија. Исланд замина со плус седум на полувреме и тоа беше добра најава за сензацијата, која подоцна беше само реализирана во вторите 30 минути.
Французите беа немоќни да се вратат во игра и во ниту еден момент не дојдоа блиску и до попристојна негатива, па на крајот го претрпеа првиот пораз на шампинатот со 29:21.
Македонските судии Начевски и Николов ја делеа правдата на оваа средба, на која посебно блескаше Магнусон со десет погодоци, исто како и Кристијансон кој имаше девет реализации.
-
АТПпред 15 часа
Алкарас откри што било главна причина за неговите проблеми: Кој го вели спротивното за Ѓоковиќ, тој лаже!
-
Италијапред 12 часа
Погрешен прв чекор: Ѕвезда на Интер падна излегувајќи од автобусот во Истанбул (Видео)
-
Англијапред 11 часа
Глејзерови го користат првиот човек на ПСЖ во обидот да изнудат повеќе пари за продажбата на Јунајтед
-
Лига на шампионипред 15 часа
Гвардиола ги издвои двајцата играчи на Интер кои посебно го импресионирале: Имам план за финалето
-
НБАпред 13 часа
Јокиќ коментираше потег на соиграч и ги изнасмеа новинарите: Сакав да го удрам… (Видео)
-
НБАпред 14 часа
Денвер доби неочекувани херои и се приближи на победа до прва НБА титула (Видео)
-
Англијапред 13 часа
Бернардо Силва избра англиски соиграч за кого би сакал да биде Португалец (Видео)
-
Шпанијапред 9 часа
Реал Мадрид потврди уште едно засилување за новата сезона