Ново финале за нашата најдобра тенисерка: Ѓорческа ќе игра за титулата во Минск

gjorceska-dvojki

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа ќе игра во финалето во игра на двојки на ИТФ фјучерсот во Минск што се игра за награден фонд од 25.000 американски долари.

Лина и нејзината партнерка Анастасија Комaрдина од Русија во полуфиналето ги преслушаа првите носителки Амина Аншба (Русија) и Анастасија Детиуч (Чешка) со 6-4 и 6-0 за еден час игра. Последна пречка за македонско-руската комбинација за пехарот на турнирот во Белорусија ќе бидат домашните тенисерки Илона Кремен и Ирина Шиманович кои се втори носителки на овој фјучерс што се игра на земјена подлога.

Facebook Коментари