Ново финале: Ѓорческа и Комардина ќе играат за пехарот на турнирот во Гецо

lina udar

Македонскиот рекет, Лина Ѓорческа и нејзината партнерка Анастасија Комардина од Русија се изборија за финале, борба за титулата на ИТФ фјучерсот во Гецо (Шпанија) што се игра на земјена подлога за награден фонд од 25.000 американски долари.

Лина и Анастасија имаа фантастичен настап во полуфиналето против вторите носителки Маристан Зулета Де Реалес (Шпанија)и Деспина Папамихаил (Грција) на кои им препуштија само еден гејм и тоа во првиот сет (6-1, 6-0). Со ова Ѓорческа на најдобар можен начин и се реваншираше на Папамихаил која ја елиминираше во поединечна конкуренција, односно ќе може да дојде до третиот пехар во двојки во 2019 година и тоа ако во завршниот натпревар бидат надиграни Нина Стадлер (Швајцарија) и Ванда Лукач (Унгарија).

Facebook Коментари