ВТА
Ново финале: Ѓорческа ќе се бори за уште една титула во Ираклион

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа обезбеди место во уште едно финале на ИТФ фјучерсот во Ираклион, Грција.
Минатата седмица Лина го крена пехарот на ова место, а сега ќе има шанса да направи уште еден значаен резултат на турнирот што се игра на земјена подлога за вредност од 25.000 американски долари. Во денешното полуфинале Ѓорческа беше подобра од шестата носителка Мириам Бјанка Булгару со 2-0 во сетови.
Ова беше своевидна реприза на минатонеделното финале со тоа што резултатот на крајот беше ист, Македоната славеше без загубен сет со 6-4 и 7-6 (5). Дуелот беше изедначен ако се погледнат поените кои ги освоија двете тенисерки (80-80), ама кога беше најпотребно тетовката беше на повисоко ниво и ја совлада Романката.
Последниот тест за Ѓорческа е Екатарина Макарова (петта носителка) од Русија. Таа има 26 години и е на 260 место на ВТА листата.
-
Англијапред 18 часа
Мудрик ужасен во вториот натпревар за Челси, публиката го поздрави со свирежи
-
Светпред 23 часа
Роналдо беснееше по промашените зицери, па конечно погоди од пенал (Видео)
-
Англијапред 20 часа
Мејсон Гринвуд ги „раскарал“ челниците на Манчестер Јунајтед: Судбината на фудбалерот неизвесна
-
Англијапред 22 часа
Потер пресече за трите нови играчи на списокот за ЛШ, најголем губитник е искусен напаѓач
-
Англијапред 22 часа
Гвардиола ја објасни разделбата со Кансело
-
Италијапред 24 часа
Мурињо го вклучил Ѕаниоло на списокот за ЛЕ, фудбалерот извадил „оправдание“ и не тренира
-
Англијапред 19 часа
Артета откри дека долго го следел Жоржињо и посочи што тој ќе донесе во клубот
-
Шпанијапред 6 часа
ФИФА не го одобри трансферот на Барселона кој се случи во последен час