Ново блескаво издание: Надежите на Станојковиќ ја наполнија мрежата на Лихтенштајн

makedonija-belgija

Репрезентацијата на Македонија до 19 година со нова блескава партија го потврди пласманот во Елитната фаза квалификации на УЕФА за пласман на Европско првенство.

По триумфите над Швајцарија (2-1) и Белгија (2-1) денеска избраниците на Вујадин Станојковиќ го стопија Лихтенштајн со Скопје со шест „парчиња“ во неговата мрежа.

Гол серијата ја отвори Чурлинов во третата минута по што следуваат погодоците на Колевски,  Митровски (3) и Миовски за максимални 9 бода во групата 5.

Второто место во групата го освои Белгија која со 5-3 славеше во директниот меч со Швајцарија.

Facebook Коментари