Ново американско засилување за МЗТ Скопје

vudard

24 годишниот кошаркар Џејмс Вудард од денес е нов член на МЗТ Скопје откако потпиша едногодишен договор со тимот од Аеродром.

Станува збор за кошаркар кој важи за одличен шутер кој минатата сезона ја поминал во тимот на Невезис од Литванија. Од овој тим дојде и претходното американско засилување на „металците“, Лестер Медфорд.

Вудард претставува четврто странско засилување за МЗТ Скопје по Лестер Медфорд, Иве Иванов и Андрија Бојиќ.

„Металците“ сезоната ќе ја започнат на 27 септември кога ќе го одиграат првиот натпревар од регионалната АБА 2 лига против Хелиос од Словенија.

Facebook Коментари