Ново американско засилување: Гостивар го договори центарот Браон Бреди (Видео)

Brady_Breaon

Гостивар повлече уште еден потег на трансфер пазарот и го ангажираше американскиот центар Браон Бреди.

Станува збор за играч кој е висок 203 сантиметри и кој е тежок 120 килограми, па дефинитивно треба да биде добро освежување и засилување за македонскиот провлигаш во борбата под кошевите. Тој е второ американско засилување за Гостивар по плејмејкерот Донован Доналдсон, а претходно беа продолжени договорите и со Костоски, Тасовски, браќата Димитриевски, Милан Димитриески како и тренерот Марјан Србиновски.

Facebook Коментари