Поврзете се со нас

Шпанија

Новите засилувања на Атлетико веднаш дознаа кој е непријател број еден на „Метрополитано“: Кој не скока, тој е…… (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/Atleti

Атлетико Мадрид изминатава вечер во свечен чин на „Метрополитано“ ги претстави сите летни засилувања во машкиот и женскиот тим, а дел од спектаклот беа и огромен број фановите на клубот од престолнината.

Навивачите на Атлетико не потфрлија и им посакаа топло добредојде на новите звучни имиња, кои за време на промоцијата брзо дознаа кој е непријател број еден во новиот клуб.

Алварез и Галагер како двајца досегашни членови од Премиер лигата треба сериозно да го подигнат нивото во тимот на Диего Симеоне, но истото важи и за Алекс Серлот и Ле Норман кои исто така доаѓаат со големи амбиции во клубот.

Девојките кои беа претставени во женскиот тим се доста понепознати за јавноста, но и тие се вклучија во шоуто кое го иницираа фановите, а со кое уште еднаш се истакна омразата кон градскиот ривал Реал.

Навивачите ги натераа новите засилувања веднаш да се запознаат со културата на „Метрополитано“, односно јасно им ставија до знаење дека главен непријател е Реал.

– Кој не скока, тој е мадридиста, – пееја засилувањата во еден глас со фановите, кои мораа да почнат и да скокаат по еуфоричната атмосфера на трибините.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни