Европски првенства
Новите ветришта треба да дувнат во Алборг, без Лазаров, Миркуловски и Стоилов против Данска (Фото)

Кире Лазаров го презеде најризичниот чекор на кој не се осудија неговите претходници и реши сам да се елиминира од ростерот за денешниот натпревар против Данска.
Ваквата вест доаѓа како изненадување и за македонската јавност која очекуваше во најсилен ссотав да и се спротивставиме на Данска и на гостувањето во Алборг.
Веќе од претходно беше познато дека Столе Стоилов нема да настапи на овој натпревар, а минутажа нема да има и за големиот борец, Филип Миркуловски кој исто така доби поштеда.
На нивно место, Лазаров ги повика Мартин Серафимов, Михаил Аларов и Емилијан Ѓорговски кои ќе добијат шанса за докажување пред новиот селектор.
Фантастичниот резултат од Скопје (33:29) му даде шанса на Лазаров да испроба некои нови варијанти со актуелниот светски првак, па во Алборг ќе видиме некоја нова Македонија, за прв пат без најдобриот играч последнава деценија.

- Англијапред 22 часа
Оле верува дека постот по заминувањето на Сер Алекс наскоро ќе заврши: Има напредок, блиску сме до трофеј
- Англијапред 23 часа
Екс ѕвезда на Манчестер Сити се уште е во лоши односи со Гвардиола: Му пишав порака, но не ми врати
- Италијапред 19 часа
Убав гест на Манџукиќ: Не играше за Милан, па ја одби платата и од клубот побара едно нешто
- Англијапред 23 часа
Тухел со ветувачки најави за следната сезона: В година ќе е „друга песна“, дефинитивно ќе ги гониме
- Формула 1пред 20 часа
Фетел објасни зошто одбил да се вакцинира во Бахреин
- Англијапред 19 часа
Солскјер одговори на коментарите на Погба за Мурињо
- Англијапред 21 час
Брус нема дилеми кој треба да ја освои наградата за најдобар тренер во Премиер лигата
- Англијапред 18 часа
Повредата на Кејн ги исплаши англиските фанови