Поврзете се со нас

Англија

Новите сопственици на Евертон имаат фаворит за наследник на Дајч

Објавено

на

Foto:twitter.com/Everton

Евертон изминатиот период се мачеше да излезе од големата финансиска криза, а тоа ја стави екипата во ситуација да биде во опасната зона и да мора да се бори за опстанок и актуелнава сезона.

Најавеното купување на клубот од американската фамилија Фридкин е најава за подобри времиња, а „Скај Спортс“ тврди дека раководството има и фаворит за менаџерската позиција.

Поранешниот англиски селектор Герет Саутгејт е главен фаворит да го наследи Шон Дајч, a барем засега промената не може да се случи бидејќи и новите сопственици очекуваат формална дозвола од Премиер лигата да ги откупат акциите со кои ќе го добијат Евертон.

Саутгејт последен пат водеше клуб во 2009 година кога го напушти Мидлзброу, а беше англиски селектор до последното Европско првенство, на кое ги одведе „трите лава“ до финалето.

Дајч има договор само до јуни, па евентуалниот отказ нема да биде посебен финансиски товар за новите сопственици на клубот од Ливерпул.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни