Поврзете се со нас

Италија

Новите сопственици на Џенова ќе ги честат фановите со бесплатни билети

Објавено

на

Американската инвестициска компанија „777 Partners“ од денеска официјално е нов мнозински сопственик на италијанскиот клуб Џенова, преземајќи го раководењето од Енрико Прециози.

Клубот во кој настапува Горан Пандев денеска ги претстави новите сопственици, а нешто подоцна беше објавена и информација која ќе им се допадне на фановите на Џенова.

Новите газди решија да ги честат фановите со бесплатни билети за натпреварот меѓу Џенова и Верона, па секој навивач кој навреме ќе си резервира билет, ќе може да присуствува на дуелот, каде единствено ограничување на капацитетот е тоа поврзано со ковид-19 протоколите.

Навивачите кои веќе купиле билети, ќе добијат ваучер, па ќе можат бесплатно да го следат дуелот против Сасуоло.

Средбата Џенова-Верона се игра во сабота од 20:45 часот, а Пандев и соиграчите освоија четири бодови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни