Поврзете се со нас

НБА

Новиот трипл-дабл на Јокиќ недоволен за Денвер, ЛеБрон најзаслужен за триумфот на Лејкерс

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/nuggets

Никола Јокиќ испорача уште еден страшен трипл-дабл учинок, но неговиот Денвер загуби на гостувањето кај Њу Орлеанс.

Екипата на Пеликанс постојано водеше и диктираше темпо на средбата, па иако шампионот се закани во финишот, Јокиќ и компанија не успеаја да направат пресврт за победа.

Српскиот центар го заврши дуелот со 26 поени, 18 асистенции и 16 скокови, што за него е 110. трипл-дабл учинок во кариерата, а во победничкиот тим се истакнал Вилијамсон со 26 поени.

ЛеБрон Џејмс постигна дури 35 поени во победата на Л.А Лејкерс кај Портланд и беше пресуден фактор за епилогот на средбата, додека Кевин Дурент имаше слична улога во победата на Феникс над Јута. Дурент постигнал 38 поени и имал уште 9 асистенции и 9 скокови, што е потврда за неговата доминација на теренот во Јута.

Шарлот – Милвоки 99:130
Вашингтон – Њујорк 99:120
Атланта – Филаделфија 116:126
Кливленд – Детроит 108:100
Торонто – Бостон 105:108
Сан Антонио – Сакраменто 120:129
Чикаго – Орландо 97:103
Њу Орлеанс – Денвер 115:110
Портланд – Л.А Лејкерс 95:107
Јута – Фeникс 128:131
Л.А Клиперс – Хјустон 106:100

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни