Поврзете се со нас

Франција

Новиот тренер на ПСЖ ги коментирал шпекулациите за разделба со Нејмар

Објавено

на

Медиумите неколку месеци шпекулираат дека Нејмар ќе биде првата голема ѕвезда која ќе го напушти ПСЖ, но тренерот Кристоф Галтие не размислува на тој начин.

Наследникот на Маурисио Покетино го подготвува ПСЖ за дуелот со Нант, а има позитивно мислење за Бразилецот.

– Во Нејмар гледам расположен и среќен фудбалер, кој е и голем професионалец.

– Дојде подготвен за оваа фаза, нема пропуштено ниту еден тренинг, се работи за светска ѕвезда која ги почитува сите околу себе, – изјавил Галтие.

Неговиот сонародник Маркињос исто така имал пофални зборови за Нејмар.

– Задоволство е да се соработува со него, за него оваа сезона ќе биде многу значајна и поради Светското првенство, – изјавил капитенот на ПСЖ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни