Формула 1
Новиот систем на Мерцедес отвори голема дебата: Дали е ова дозволено од страна на ФИА (Видео)
Вториот ден од тестовите на Монтмело донесе едно видео кое стана вирален хит на социјалните мрежи, а истото експресно отвори голема дебата меѓу големите Ф1 фанови поради новата чудна техника на управување која ја има новиот Мерцедес W1.
Во моментите кога беше активираната кок-пит камерата од болидот на Луис Хамилтон можеа да се забележат необични движења со рацете на светскиот шампион, кои пак придонесуваат предните тркала да имаат неочекувано стеснување и проширување при различните маневри на Британецот.
Оваа нова техника на Мерцедес прави воланот на Хамилтон и Ботас да наликува како управувач на авион, а големите Ф1 фанови веднаш почнаа да прашуваат дали иновацијата на „сребрените стрели“ е дозволена од страна на ФИА.
– Ова е нова идеја, имаме нов систем во болидот. Овој систем има свое име и се вика ДАС и со истиот воведуваме двојна димензија на воланот што може да биде корисно во текот на целата година. Но, како ќе го користиме и зошто го правиме тоа, засега ќе го задржиме за нас, – објасни Џејмс Алисон, техничкиот директор на Мерцедес.
Video showing Hamilton's steering wheel moving fore and aft while altering front wheels toe angle pic.twitter.com/bRtK4udamm
— Mario Keszeli (@techF1LES) February 20, 2020
-
Шпанија16 часа
Ханси Флик за една своја ѕвезда: Тој не се споредува со ниту еден друг играч во светот
-
АТП16 часа
Алкарас изведе тениско лудило кое ќе биде кандидат за поен на годината, па и самиот го сподели на социјалните мрежи (Видео)
-
НБА12 часа
Тренерот на Лејкерс најави кога очекува деби на Дончиќ во новиот тим
-
Англија16 часа
Аморим ја објасни разделбата со Рашфорд: Не гледаме на фудбалот на ист начин
-
НБА15 часа
Јокиќ нанижа уште еден трипл-дабл, ЛеБрон ја доби шутерската пресметка со Кари
-
Англија15 часа
Ливерпул убедлив, Ван Дајк критикува: Требаше да играме подобро
-
Формула 111 часа
Откриени платите на Ф1 возачите: Две ѕвезди се далеку пред останатите ривали
-
НБА5 часа
„Кралот“ во елемент: Леброн даде три тројки за 48 секунди и ја запали публиката во Лос Анџелес (ВИДЕО)