Поврзете се со нас

Англија

Новиот напаѓач на Сити ги потенцираше своите три најголеми квалитети: Дојдов за да победувам!

Објавено

на

Foto:x.com/ManCity

Пеп Гвардиола не донесе адекватна замена за Хулијан Алварез во летниот преоден рок и реши да се потпира на играчите кои ги има, но многу брзо сфати дека неговиот актуелен тим има доста недостатоци, особено и поради честите повреди кои се надоврзаа.

Тоа го натера шпанскиот стручњак да бара засилувања уште во јануарскиот преоден рок, па откако доби двајца дефанзивци во Хусанов и Реис, тимот на Пеп од денеска е посилен и за сензационалниот Омар Мармуш.

Египетскиот напаќач со импресивните настапи во Бундеслигата си загарантира трансфер на кариерата уште во зимскиот преоден рок, па така 25-годишниот фудбалер сега ќе има простор за докажување и во најсилната лига во светот.

Обидувајќи да се претстави во првото интервју како играч на Манчестер Сити, Мармуш ги издвои своите три најголеми квалитети, односно им најави на фановите што можат да очекуваат од него.

– Јас сум брз на теренот, добар сум со топката во нозе и се обидувам да го искористам празниот простор на теренот. Нависитна сметам дека имам квалитети кои ме прават опасен. Сепак, најголем квалитет ќе кажам дека ми е гладта да победувам, затоа дојдов во овој клуб, – вели Мармуш, кој покрај тоа што може да игра како напаѓач, знае да покрива и на крило и во улога на „10-ка“.

– Манчестер Сити е еден од најголемите клубови во светот во последните 10 години и воопшто не се двоумев да пристигнам тука. Задоволство и чест е што јас и моето семејство ќе го претставуваме Манчестер Сити. Моите соништа полека стануваат реалност, последните две сезони ми беа навистина добри, но ова е како нов почеток за мене, – потенцира Мармуш.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни