Поврзете се со нас

Англија

Новиот напаѓач на Челси кој ја копира прославата на Роналдо: Сам си направив маица со неговото име

Објавено

на

Foto:twitter.com/ChelseaFC

Николас Џексон имаше доста тежок старт на авантурата во Премиер лигата, но на последните два меча пред паузата го презентираше сиот свој потенцијал и постигна четири гола на дерби пресметките со Тотенхем и Манчестер Сити.

Сенегалецот посебно импресивен беше против Тотенхем кога го постигна својот прв хет-трик во Премиер лигата, кој интересно го прослави имитирајќи го својот идол од детството, Кристијано Роналдо.

Џексон ја искпопира неговата препознатлива „Сиииуууу“ прослава, а сега и откри на јавноста дека тоа ќе го прави само кога ќе дава по три гола на натпревар.

– Додека растев, навистина многу го сакав Кристијано Роналдо. Го имав напишано неговото име на маица која постојано ја носев. Тоа не беше оригинален дрес, туку беше маица на која нацртав број 7 и на која напишав Роналдо со пенкало. Ја направив сам кога бев дете.

– Сакав да бидам како него, но многу ретко ги гледав неговите натпревари. Обично го правевме тоа групно во еден дом, никогаш го немав гледано во својот дом. Ја копирав неговата прослава и во Вилјареал кога постигнував по два гола. Кога постигнав хет-трик против Тотенхем, морав да го повторам тоа. Отсега ќе го правам само кога ќе давам по три гола на натпревар, не на секој гол, – открива Џексон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни