Поврзете се со нас

Шпанија

Новиот „маратонец“ на Зидан: Моја задача е да трчам на теренот додека не ми откажат нозете

Објавено

на

Феде Валверде се претвори во играч кој се почесто го „растура“ незаменливото трио на Зинедин Зидан низ годините, бидејќи фантастичниот млад Уругваец се повеќе добива шанса во стартната постава во која нема еден од Модриќ, Крос и Касемиро.

Валверде заслужено се избори за ваков статус со напорната работа на тренинзите и на секој натпревар на кој доби шанса од Зизу, па така изминатиов викенд беше убедливо најдобар играч на Реал во пресвртот против Бетис од 2:3.

Играчот за врска има само 22 години и има уште многу простор за напредок, а како што вели самиот, негов најголем квалитет е физичкиот капацитет да трча на сите страни на теренот и да помага во одбрана и во напад, нешто што до минатата сезона го правеше најмногу Касемиро.

– Секој играч за врска треба да биде неуморен. Моја функција е да трчам се додека можам, се додека не ми откажат нозете. Тоа ќе го правам секогаш за Реал, со тек на времето ги коригирам недостатоците во мојата игра, бидејќи само безглавото трчање не ве носи никаде.

– Имам огормна помош од Крос, Модриќ и Касемиро. Конкуренцијата која ја имаме е нависитна голема, но и многу убава. Сите растеме со конкуренцијата. Го слушам секој нивни совет, растам од ден во ден, сите тројца се играчи од светска класа, играчи од кои може само да учите, – вели Феде во интервјуто за официјалната телевизија на Реал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни