Поврзете се со нас

Франција

Новиот капитен на ПСЖ е поразличен од сите: Досадно ми е да го возам Ферарито, подобро ми е со такси! (Фото)

Објавено

на

По заминувањето на Тиаго Силва од ПСЖ, нов капитен на „светците“ е искусниот Маркињос кој полека се претвора во жива легенда на францускиот шампион, а како фудбалер кој постигна многу значајни работи изминативе години, познат е и по тоа што се однесува многу скромно надвор од теренот.

Во последното интервју кое го направи за „Соу Фут“, бразилскиот репрезентативец открива дека брзите автомобили се секојдневие за големите фудбалски ѕвезди, но тоа кај него не носи никаква посебна сатисфакција и не буди значаен адреналин, иако поседува моќно Ферари кое чини 200 илјади евра.

Маркињос открива дека купил Ферари „458 Италија“ непосредно откако потпишал договор со ПСЖ, но истото го користи многу ретко и само за специјални прилики, бидејќи претпочита да се вози со такси и да биде возен од други.

– Го купив Ферарито кога пристгинав во ПСЖ, но вистина е дека го користам многу ретко. Не сакам да возам, досадно ми е да возам, па дури и Ферарито. Многу сакаат да возат сами и да се пофалат со автомобили, но јас не сум таков случај. Претпочитам да стигнам некаде со такси. Ферарито го користам кога сака да го вози некој од семејството и само за пријатели. Сакам кога гледам како се радуваат повеќемина.

– Го сакам автомобилот, сакав да си купам убав автомобил. Кога го купив Ферарито, тоа беше историски ден за мене. Имав клучеви од Ферари во раката и си реков себеси „навистина успеа како професионалец“, – открива Маркињос.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни