Поврзете се со нас

Англија

Новиот газда на Јунајтед во акција: Ретклиф го пикирал човекот кој промовираше голем број таленти во Сити

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Џим Ретклиф веќе започна со подготовка за новата сезона како косопственик на Манчестер Јунајтед, а главен фокус стави на регрутирање на добар директорски тим кој ќе го однесе клубот во вистински правец.

Газдата на „ИНЕОС“ веќе ги договори Дан Ашворт од Њукасл и Омар Берада од Манчестер Сити, но сега пикирал уште едно познато име, односно човек кој е тесно поврзан со актуелниот европски шампион.

Како што известуваат угледните англиски медиуми, Манчестер Јунајтед испратил официјална понуда до Саумтемптон за спортскиот директор Џејсон Вилкокс, кој инаку е далеку попознат во Англија поради своето минато на „Итихад“.

Џејсон е дел од Саутемптон неполна една година и сега на маса има понуда која не се одбива, а доколку ја прифати, ќе значи дека прави трансфер во црвениот дел од Манчестер.

Вилкокс цели 11 години беше дел од Манчестер Сити до крајот на минатата сезона и беше шеф на Академијата на „сините“, па под негово водство излегоа големи таленти како Санчо, Фоден, Рико Луис, Оскар Боб и Кол Палмер.

Според пласираните информации, Саутемптон како клуб е бесен на потезите кои ги влечат луѓето од „Олд Трафорд“, но истовремено се свесни дека нема да можат многу да направат доколку Вилкокс ја прифати понудата за повторно да соработува со Берада.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни