Новиот член на Серија А сериозно загриза: Несторовски со уште еден соиграч се враќаат во најелитното натпреварување во Италија

ile slavi

Извесно е дека Илија Несторовски ќе си замине од редовите на Палермо ова лето и кариерата ќе ја продолжи во друг клуб.

Идеално за него е останување во Италија, од каде има неколку понуди, а интерес има и од Црвена Звезда, но и од тимови од Русија и Турција.

Италијанските медиуми пишуваат дека Лече го зголемил интересот за нашиот репрезентативен напаѓач кој би требало да пристигне во клубот во пакет со Андреа Рисполи, кој исто така игра за Палермо.

Клубот од Сицилија и следната сезона ќе игра во Серија Б, но истата ќе ја започне со голема бодовна негатива со што нема да може да се надева на пласман во Серија А.

Facebook Коментари