Поврзете се со нас

Свет

Новиот бразилски селектор: Ако не се промени ситуацијата со Винисиус, ќе преземеме драстични мерки

Објавено

на

Foto:instagram.com/dorivaljroficial

Бразил го реши селекторското прашање откако стана јасно дека Карло Анчелоти ќе остане во Реал Мадрид, па така „кариоките“ му се доверија на Доривал Жуниор кој е неизмерно ценет и сакан од голем број фудбалски работници во својата земја.

Искусниот стручњак го презема бразилскиот тим и своето деби ќе го има во претстојниот мартовски репрезентативен прозорец, во кој неговата селекција ќе одигра два меча против Англија и Шпанија.

Предизвикот кој ќе го има новиот селектор ќе биде навистина голем на овие два пријателски меча, а оној вториот кој се игра во Мадрид сигурно ќе го стави во центарот на вниманието Винисиус Жуниор.

Ѕвездата на Реал минува низ тежок период оваа сезона кога се во прашање расистичките навреди од трибините, па новиот предводник на „кариоките“ најави дека ќе презема драстични мерки доколку оваа ситуација не се промени во скоро време.

– За жал, навредливите и ксенофобични пораки се актуелни во цел свет. Игорантноста се уште постои во светот, а јас сметам дека властите треба да преземат многу позначајни мерки за справување со расисти. Сметам дека ситуацијата со Винисиус ја премина линијата. Шпанската нација е многу добра, има луѓе кои покажуваат почит и не смее да се упропасти таа слика поради одредени поединци. Такви ситуации има и кај нас во Бразил, многумина често страдаат поради одредени поединци.

– Треба да ги изанализираме и избалансираме сите информации кои ги имаме во моментов, но треба да сме подготвени и за драстични мерки ако повторно му се случи такво нешто на Винисиус. Винисиус се уште е дете, се уште не ја завршил својата животна едукација и не смее да биде третиран на таков начин, – вели Доривал Жуниор во интервјуто за „Гардијан“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни