Поврзете се со нас

Англија

Новиот англиски селектор предизвика бура во Британија со изјавата пред натпреварот со Ирска

Објавено

на

Foto:x.com/England

Ли Карсли беше назначен за привремен наследник на Герет Саутгејт и доби шанса да го води најсилниот репрезентативен тим на Англија, а своето деби ќе го има ова попладне против Ирска.

Интересно, иако е роден во Англија, Карсли во играчката кариера ги бранеше боите на селекцијата на Ирска, па со дадената изјава пред денешниот меч во Лигата на нации, привремениот селектор предизвика лавина од реакции во Британија.

Карсли најави дека нема да ја пее англиската химна во стандардната најава на натпреварот, а тоа му донесе многу негативни реакции, но и барања од угледните англиски медиуми веднаш да заработи отказ.

– Нема да ја променам мојата рутина и нема да ја пеам химната пред мечот. Тоа е нешто што секогаш имав проблеми да го правам и кога настапував за Ирска.

– Никогаш не сум го правел тоа и нема да направам исклучок и сега. Секогаш сум бил фокусиран на првите акции на теренот и целото внимание ми е посветено на тоа, – гласи изјавата на Карсли која предизвика бура во Англија.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни