Поврзете се со нас

Италија

Новиот агент на Погба оди во Торино на финални преговори со Јувентус

Објавено

на

Пол Погба и дефинитивно ќе си оди од редовите на Манчестер Јунајтед по крајот на оваа сезона и како слободен агент во летниот преоден рок ќе ја промени средината.

Фудбалерот од средниот ред се поврзува со неколку клубови, а во моментов најзаинтересиран за неговите услуги е тимот на Јувентус.

„Скај Спортс“ пишува дека новиот агент на Погба утре ќе замине во Торино за да се сретне со челниците на италијанскиот клуб.

Во моментов главна пречка за реализација на трансферот е платата на Погба кој не сака да се откаже од парите за да се врати во Торино.

Токму затоа играчот и неговите претставници ги разгледувале опциите за избирање на нов клуб. Засега ПСЖ е во преговори со Погба, додека фудбалерот немал намера да се пресели во Манчестер Сити.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни