Поврзете се со нас

Шах

Новини во календарот на ЕКУ, закажано Европско интернет првенство за млади!

Објавено

на

Европската шаховска унија (ЕКУ) закажа Европско првенство во забрзан шах (рапид) за млади од 12 до 18 години кое е новитет во нивниот календар, а веста доаѓа откако претходно беше дадена препорака за одложување на Европското младинско првенство во стандарден шах, кое требаше да се одржи во Анталија, Турција, во месец ноември.

Според расписот за овој турнир, од секоја земја ќе можат да бидат пријавени по тројца кандидати во секоја категорија (У12, У14, У16 и У18), при што од една федерација може да има еден тим во Отворена конкуренција и еден во конкуренција на Девојки. Секој тим може да бори минимум 4 а максимум 12 играчи. Натпреварите се играат поединечно, а најдобрите од секоја категорија го определуваат успехот на тимот. Наведено е дека играчите од иста старосна група и од иста земја, не можат да бидат впарени во последното коло.

Темпото на игра е 25 минути за играч, со додавање на 5 секунди за секој одигран потег. Предвидено е секој турнир да се игра по 9 кола со Швајцарски систем, каде што секој ден ќе има по три партии (18, 19 и 20 септември).

Тоа значи дека од една земја може да има максимум 24 учесници, кои според пропозициите ќе треба да бидат во официјална просторија надгледувана од шаховски судии. Заради олеснување на состојбата и помало групирање, дозволено е во секоја земја да има максимум 3 места (сали) за играње низ државата.

Пријавувањето е до 4 септември, но во самиот повик не е наложено до федерациите по кој систем да го направат селектирањето на кандидатите, но наведено е дека самата ЕКУ ќе ги сортитра играчките листи според рапид рејтингот на играчите.

Оттука се наметнува потребата и во Македонија да се организира рапид турнир, но исто така се наметнува прашањето дали ШФМ има капацитет да организира вакво интернет првенство за толку кус временски рок, во кој ќе бидат испочитувани сите мерки на претпазливост, имајќи ги предвид скандалите кои одекуваа во шаховските кругови по првиот Интернет турнир организиран пред два месеца.

Исто така се наметнува и прашањето, ако веќе организацијата бара играчите да бидат во една сала и под набљудување на судии, дали тогаш тоа може да биде и класичен рапид турнир, при што за да се избегне голема концентрација на луѓе може да биде поделен на повеќе локации. Според информации на „Дерби“, Шаховската федерација на Македонија има закажно состанок на својот УО по 20 јули, на кој ќе се произјасни за повеќе организации на натпреварувања, каде што приватните школи кои профитираат од давањето часови ги форсирааат младинските натпреварувња, наспроти фактот дека оваа година во Македонија нема организирано ниту еден класичен турнир во сениорска конкуренција и професионалните шахисти се оставени на немилост и без можност за заработка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни