Поврзете се со нас

Свет

Новинарот од Намибија кој гласал за „Златната топка“ му одговори на Перез: Мисли дека сме инфериорни луѓе

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Флорентино Перез предизвика дебата со дел од своите ставови истакнати на последното клупско собрание, а еден од неговите највирални коментари се однесуваше на наградата „Златна топка“.

Претседателот на Реал Мадрид смета дека организаторите намерно го промениле системот на гласање, па во него учествувале новинари и од мали земји како Албанија, Финска, Намибија и Уганда.

Тие не дале гласови за Винисиус и според Перез тука била направена и разликата со која Родри успеал да го освои престижното признание, а „Кадена СЕР“ обезбеди изјава од претставникот на Намибија, на кого секако не му се допаднале зборовите на Флорентино.

– Ова се зборови на фрустриран човек.

– Господинот Перез смета дека гласот на луѓето од мојата земја не треба да важи, затоа што мисли дека ние сме инфериорни луѓе. Ме интересира кој ќе му беше аргументот ако Винисиус не добиеше гласови од некои поголеми фудбалски нации, – рекол Шефени Никодемус.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни