Поврзете се со нас

Шпанија

Новинарот кој прв ја откри веста за фамозниот факс на Меси тврди дека има голем пресврт во „случајот Лео“

Објавено

на

Толку очекуваниот состанок меѓу Жозеп Марија Бартомеу и Хорхе Меси не вроди со никаков плод и не ги приближи двете страни до никаков договор, по што се добива впечаток дека клубот сепак има „ас во ракавот“ кога е во прашање евентуален судски спор на цела оваа неочекуваната и комплексна ситуација.

Средбата меѓу претседателот на Барса и таткото на Меси минала во мирни услови, но ако се гледа реално, истата не донела никаков напредок за евентуален договор меѓу двете страни за спогодбена разделба.

Барселона не сака да попушти во ниту еден момент и не сака да преговара со ниту еден клуб за својот најдобар фудбалер, а воедно, Бартомеу на Хорхе му соопштил дека клубот сака да му загарантира нов договор и дека ставката за вклучување на отпусната клаузула е веќе неважечка.

Според последните информации, клубот е во добитна комбинација со оглед на напишаното во договорот и сигурно би добил судски спор, па доцна во ноќта се огласи и новинарот на „Тик Спортс“ кој прв откри дека Меси доставил факс до Барселона со барање за отпусна листа.

Мартин Аревало беше човекот кој прв и откри на јавноста за фамозниот факс на Лео, а сега открива дека има промена во случајот на неговиот сонародник и нагласи дека сега шансите се многу поголеми за негово останување во Барселона.

– Сега има 90 проценти шанси Меси да продолжи во Барселона. Утре ќе има дефинитивна одлука, – гласи пораката на новинарот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни