Италија
Новинарот го брзаше Ибра да направи интервју, напаѓачот го „подбра“: Колку години имаш…. (Видео)

Златан Ибрахимовиќ имаше блесок против Калјари и сосема заслужено беше избран за играч на натпреварот од Серија А, па поради ваквиот статус, новинарите побрзаа да направат интервју со искусниот шведски напаѓач.
Ибра обично има трпение со новинарите и одговара на задачите кои ги има по натпревари каде се наоѓа во прв план, но италијанските медиуми откриваат дека новинарот на „Скај“ малку го брзал Швеѓанецот со одработување на интервјуто, па оттаму и оваа урнебесна сцена која денеска се пренесува.
Младиот новинар на „Скај“, Пепе Ди Стефано ја доби честа да го интервјуира Ибра, но сепак Златан не пропушти да го „поздрави“ во ситуација кога се уште зимаше здив по крајот на средбата.
– Колку години имаш? – му порача Ибра на новинарот, кој одговори.
– Помалку од тебе, малку сум помлад од тебе…..
– Во тој случај, почни да трчаш по мене и тогаш чекај интервју, тогаш ќе видиме како ќе се носиш…, – со насмевка му возврати Златан.
“Tu quanti anni hai?”
“Meno di te”
“Ah meno di me pure?”
🤣 Siparietto Ibrahimovic-Peppe Di Stefano#SkySport #SkySerieA #Ibrahimovic #Milan #PeppeDiStefano @Ibra_official @PeppeDiSte pic.twitter.com/mBxDgdLPOM— skysport (@SkySport) January 19, 2021

- Англијапред 23 часа
Еден од играчите на Челси се налутил на Тухел и одбил да преговара за нов договор
- Шпанијапред 22 часа
Интересен момент по крајот на натпреварот на „Камп Ноу“: Голманот на Елче се возбуди кога Меси му го побара дресот (Видео)
- Лига на шампионипред 21 час
Зидан искрен по победата над Аталанта: Не бевме најдобри иако имавме играч повеќе
- Англијапред 23 часа
Тотенхем тргнува по незадоволниот фудбалер на Манчестер Јунајтед
- Лига на шампионипред 22 часа
Менди со супер гол во финишот го проби бедемот на Аталанта, Манчестер Сити без проблем во Будимпешта (Видео)
- Лига на шампионипред 12 часа
Зидан откри интересна анегдота за стрелецот на голот и нагласи: Ова беше воиграна акција од тренинзите! (Видео)
- Лига на шампионипред 12 часа
Бесниот Гасперини со предлог до УЕФА какви судии да делегира во иднина: Ова е самоубиство на фудбалот!
- Шпанијапред 24 часа
Меси изрежира уште една мајсторија, Барселона лесно до трите бода против Елче (Видео)