АТП
Новинарка се обиде да го извади Ѓоковиќ од рамнотежа, Србинот и одговори џентлменски (Видео)
Новак Ѓоковиќ стана топ тема во Мелбурн откако откри дека бил затруен во 2022-ра година за време на престојот во имиграцискиот хотел, епизода која големиот грен-слем рекордер нема да ја памети по ниту една добра работа.
Голготата од 2022-ра година заврши со протерување на Ноле од Австралија, а три години подоцна, тој реши да обелодени дека имал сериозни здравствени проблеми како последица на труење.
– Кога се вратив дома, имав некои здравствени проблеми. Сфатив дека сум јадел нешто отровно во тој хотел во Мелбурн. Поминав неколку тестови по моето враќање во Србија. Ова никогаш никому не сум го кажал, но открив дека имам високо ниво на тешки метали во телото. Имав високо ниво на олово и жива во телото. Единствениот начин на кој можеа да се најдат во мојот организам е преку храната во тој хотел, – гласи изјавата на Ѓоковиќ во „Џи-Кју“ магазинот.
Еден ден по премиерата на оваа изјава, Ѓоковиќ денеска имаше соочување со новинарите на официјалниот прес пред Аустралијан Опен, па една новинарка со провокативно прашање се обиде да го извади Србинот од рамнотежа.
Новинарката го праша Ноле дали има докази дека бил отруен во споменатиот хотел, по што тенисерот реагираше малку поостро, но сепак одговори џентлменски.
– Текстот од „Џи-Кју“ магазинот излезе вчера во онлајн издание, а печатеното издание мислам дека ќе излезе во февруари. Го дадов тоа интервју пред доста месеци, би сакал да не зборувам за тоа со повеќе детали. Сакам да се насочам само на тенисот бидејќи дојдов тука само поради тоа. Ако сакате да дознаете што сум кажал и ако сакате повеќе информации, секогаш може да го прочитате текстот кога ќе излезе, – одговори Новак.
Novak Djokovic on food poisoning claims from the GQ Magazine interview. pic.twitter.com/HAqkaqvcQU
— asud (@asud683385) January 10, 2025
-
Репрезентација17 часа
Лазаров: Момците покажаа дека знаат како се игра и против „досаден“ ривал
-
АТП22 часа
Ѓоковиќ освои луд поен на сет топка и предизвика лудница во Мелбурн (Видео)
-
Светски првенства15 часа
ИХФ го издвои ремек-делото на „Фитиљ“: Чиста моќ на Кузмановски (Видео)
-
АТП21 час
Ѓоковиќ имаше негатива, па го преслуша Алкарас за полуфинале во Мелбурн
-
Светски првенства16 часа
Пајовиќ посочи дека тактиката на Лазаров им направила големи проблеми на Австријците: Чувствувам горчина
-
АТП17 часа
Алкарас не му верува на Ѓоковиќ: Не велам дека правеше шоу со повредата, но…..
-
Светски првенства19 часа
Митревски по ремито со Австрија: Се надевам дека ќе се опоравиме од настинките кои преовладуваат во тимот
-
АТП14 часа
Ѓоковиќ го прекина интервјуто за да ги испрати своите деца на спиење, малата Тара стана вирален хит (Видео)