Поврзете се со нас

Англија

Новинарите почнаа да го провоцираат Тухел на првиот прес, Германецот не ги воодушеви со одговорот (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/England

Фудбалската Асоцијација на Англија во неполни 24 часа успеа да го договори Томас Тухел и да го назначи за нов англиски селектор, односно наследник на Герет Саутгејт и привремениот тренер Ли Карсли.

Тухел е само третиот странски тренер кој ќе биде селектор на Англија по Свен Геран Ериксон и Фабио Капело, а истовремено прв Германец кој ќе ја извршува една од најтешките работи во светот.

Притисокот во Англија секогаш е на завидно ниво и во прилог на тренерите не одат размислувањата на новинарите, кои денеска уште на првиот прес почнаа да го провоцираат новиот селектор.

Тухел доби директно прашање дали ќе ја пее националната химна на Англија, бидејќи само за потсетување, токму Ли Карсли предизвика голем револт со изјавата дека никогаш нема да ја пее „God Save the King“.

– Ќе бидам искрен со вас, се уште немам донесена одлука на таа тема, не знам дали ќе ја пеам англиската химна. Секогаш ќе покажам респект за химната во мојата нова улога. Химната е многу трогателна, но ќе ми биде потребно малку време пред да одлучам дали ќе ја пеам, – изјави Тухел.

Англиските новинари на големо негодуваат што е ангажиран странски тренер и што не му се дава шанса на домашен стручњак, па во рафалот од критики за ангажманот на Тухел се јавија и неколку звучни фудбалски имиња.

Тухел уште при првиот работен ден дозна дека нема да му биде воопшто лесно во Англија како селектор, но следните 18 месеци ќе бидат добра прилика да ги разубеди сите песимисти.

Видеото погледнете го ТУКА

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни