Поврзете се со нас

Англија

Новинар за ѕвездата на Барселона: Дури и Господ не можеше да го поднесе…

Објавено

на

foto:www.facebook.com/fcbarcelona

Барселона не донесе премногу засилувања кога е во прашање оваа сезона, но повлече неколку потези меѓу кои беше доведувања и играчи на позајмици до крајот на натпреварувачката 2023/2024.

Еден од нив беше Жоао Кансело кој пристигна од редовите на Манчестер Сити, тим во кој едно време беше незаменлив дел за да во текот на претходната кампања влезе во одреден конфликт со тренерот Пеп Гвардиола по што вториот дел го мина на заем во Баерн Минхен кој потоа не се одлучи да ја активира клаузулата и перманентно да го доведе на „Алијанц Арена“.

Сега тој е во Барса каде има солидна година со тоа што останува да се види дали ќе остане и во иднина, поточно дали ќе има шанса да заигра на новиот „Камп Ноу“. Токму околу него зборуваше новинарот Лу Мартин кој истакна дека Португалецот има проблем со однесувањето, па токму тоа и била причината за заминувањето од Сити.

-Тоа го објаснивме тоа неколку пати. Се работи за проблем околу ставот и однесувањето. Ако има нешто што Пеп не може да поднесе, тоа е лошо однесување и прекумерната тежина. Однесувањето на Кансело не беше правилно, иако како фудбалер има огромен квалитет. Истото му се случи и во Валенсија. Тој не си замина затоа што играше лошо, си замина затоа што ни Господ не можеше да го поднесе, -порача Мартин.

Бекот има договор со „граѓаните“ до 30 јуни 2027 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни